Бекам го откри планот на Меси по пензионирањето од фудбалот!

Дејвид Бекам, сопственикот на Интер Мајами, доби многу од Лионел Меси во борбата за првата титула во МЛС и не ја криеше желбата Аргентинецот да остане во Флорида и по завршувањето на својата кариера. 

Сепак, тој откри дека тоа не е дел од плановите на фудбалерот со број 10.

„Би сакал Меси да живее во Мајами по неговото пензионирање. Но Лео ми рече дека размислува само за тоа да живее блиску до „Камп Ноу“. Нема друг фудбалер кој ја сака Барселона толку многу како него.“, изјави Бекам.

Лионел Меси на Интер Мајами му ја донесе првата МЛС-титула во историјата.