• Мартин Танасковски
Екипата на Барселона пак прими гол прва, но победи во Лигата на шампионите. Каталонците на свој терен беа подобри од Ајнтрахт Франкфурт со резултат 2-1 (0-1) и пресврт триумф.
- Барселона - Ајнтрахт Франкфурт 2-1:
Бундеслигашот поведе прв со голот на Кнауф во 21. минута откако претходно му беше поништен гол со ВАР на Роберт Левандовски, но во вториот дел херој на Каталонците беше бекот Жил Кунде. Како да е напаѓач, Французинот даде два гола за пресврт и трет триумф за Барселона во Лигата на шампионите, прв по две кола неуспех.
- Аталанта - Челзи 2-1:
Екипата на Аталанта на домашен терен со 2-1 славеше над актуелниот светски клупски првак Челзи и тоа со пресврт. „Сините“ од Лондон имаа предност со погодокот на Жоао Педро во првото полувреме, а потоа на сцена за „божицата“ од Бергамо стапија Скамака и Де Кетелар, кои во 55. и 83. минута донесоа големи три бода за италијанскиот калчолигаш кој е меѓу најдобрите екипи во ЛШ.
- Тотенхем - Славија Прага 3-0:
Тотенхем беше убедлив и ја победи чешка Славија Прага со 3-0 пред својата публика. Два пенали добија „петлите“ кои во гол ги претворија Кудус и Чави Симонс, а третиот гол беше автогол на Зима.
- Унион СЖ - Марсеј 2-3:
Унион Сен Жилоаз, пак, во Белгија загуби од Марсеј (2-3) во меч во кој ВАР им поништи два гола на Белгијците за израмнување. Иако Унион поведе преку Калаили, следеше одговор на Паиксао и Гринвуд кој беше двоен стрелец за 1-3. Калаили со вториот гол го врати домаќинот во игра, но потоа двата гола на Мекалистер и Давид за 3-3 беа поништени со ВАР заради офсајд.
- ПСВ Ајндховен - Атлетико Мадрид 2-3:
Атлетико на Чоло Симеоне исто така со 3-2 победи против ПСВ Ајндховен. За шпанскиот тим погодија Алварез, Ханчко и Сорлот, додека за холандскиот првак, Тил и Пепи беа двојни реализатори.
- Монако - Галатасарај 1-0:
Монако со 1-0 на домашен терен го совлада Галатасарај, човек на одлука беше Балогун во вториот дел, по промашен пенал на Закарија.







