Бејтулаи: За Македонија се става глава, каде некои не ставаат нога! 

Фудбалската репрезентација на Македонија со херојско реми се врати од Љубљана, откако синоќа не потпадна под притисокот и одигра квалитетен натпревар против домашната селекција на Словенија (1-1).

Покрај стрелецот на голот Енис Барди, еден од најзаслужните за овој бод е дефанзивецот Егзон Бејтулаи, кој во финишот од мечот спаси чист гол, кој можеше да значи и наш пораз.

>>> ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Интервенција која вреди како постигнат гол - како јунакот Бејтулаи спречи пораз

За Gol.mk тој вели дека секој од оваа генерација на Македонија е подготвен да стави глава, каде некои не ставаат нога, само репрезентацијата да бележи успеси на европска сцена.

„Одигравме одличен натпревар, имавме шанси и за три бода, но и нерешениот резултат е голем успех за нас. Оваа генерација се борела и ќе се бори за секоја топка. Не само јас, туку сите би ставиле глава, каде друг не би ставил нога, само Македонија да бележи позитивни резултати“, рече Бејтулаи. 

Македонија првиот квалификациски циклус го заврши со победа (Летонија 3-1) и реми (Словенија 1-1), па со четири бода е на делба на втората позиција на табелата, заедно со Израел. 

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 1 2 2 0 0 3:0 3 6
2 ИзраелИзраел 1 2 1 1 0 5:3 2 4
3 МакедонијаМакедонија 2 2 1 1 0 4:2 2 4
4 СловенијаСловенија 1 2 0 2 0 2:2 0 2
5 АвстријаАвстрија 2 0 0 2 2:5 -3 0
6 ЛетонијаЛетонија 2 0 0 2 1:5 -4 0