ВИДЕО: Бејл ужасно промаши пенал во „нулата“ на Милан и Реал Мадрид

Екипите на Реал Мадрид и Милан одиграа тест натпревар, но ги разочараа своите навивачи и љубителите на фудбалот затоа што мечот заврши без голови.

  • Извештај од натпреварот:

Вистина е дека Реал на Анчелоти уште не е воигран, меѓутоа овие „кралеви“ со играта не ветуваат многу. Можеше мечот да има поинаков тек, ако во првото полувреме пеналот го реализираше Герет Бејл, кој шутираше ужасно во 41. минута.

За двете екипи овој натпревар беше последен пред стартот на сезоните во Серија А и во Примера, затоа што истите стартуваат следниот викенд. Реал на стартот игра со Алавес, додека Милан тргнува со Сампдорија.