ВИДЕО: Бејл со магичен дриблинг можеше да биде херој, ама промаши и стана трагичар!

Тотенхем на Жозе Мурињо испушти победа во градското дерби со Вест Хем (3-3), иако водеше со три гола уште во 16. минута од средбата. „Петлите“ се опуштија и головите на Сон и двата на Кејн беа анулирани за само 12. минути во финишот. 

Балбуена го постигна првиот за Вест Хем, а само три минути подоцна надежта се врати со автоголот на Санчез. Кога сите очекуваа крај на мечот, Ланцини со еврогол и бомба шут освои бод за својот тим. Сепак, Тотенхем има за што да жали. Особено што во 92. минута, повратникот Герет Бејл промаши зицер со кој ќе ставеше точка на резултатот. 

  • Промашувањето на Герет Бејл:

Бејл ги одигра првите минути по враќањето од Реал Мадрид како позајмен фудбалер, ама наместо да биде херој - стана трагичар.