ФОТО: Бејл се смееше на клупа додека Реал ја распродаваше својата чест

Екипата на Реал Мадрид имаше сезона за заборав во шпанска Примера која конечно заврши. Последен од тимовите кои го зема скалпот на богатите „кралеви“ беше Бетис и тоа среде Мадрид.

Но, на фудбалерите на Реал Мадрид како да им беше сеедно што ја распродадоа својата чест и не играа на посакуваното ниво во последното коло. Посебно на Герет Бејл, кој беше на клупата за резерви и се забавуваше додека неговиот тим губеше. 

Ѕвездата на „кралевите“ не доби шанса, па затоа, се смееше на клупата за резерви, додека Бетис ги срамеше фудбалерите на Зидан. Се шпекулира дека Бејл во текот на летниот преоден рок ќе си замине од Реал Мадрид и ќе бара нов предизвик.

Реал Мадрид ја заврши сезоната на третото место во Примера, зад Атлетико Мадрид и Барселона.