Бејл: Реал ќе мора да ми исплати 51 милион, или ќе седам и ќе играм голф...

Герет Бејл, ѕвездата на Реал Мадрид, е на излезна врата од Шпанија, а фудбалерот по последниот меч во Примера против Бетис (0-2) даде интересна изјава со која го навлече гневот на навивачите на „кралевите“.

>>> ПОВРЗАНО - Зидан: И да имав право на четири замени, Бејл ќе останеше на клупа

Велшанецот веќе подолго време сака да си замине од Мадрид и бара нов предизвик. Вели дека ако Реал Мадрид сака да се ослободи од него, ќе мора да плати „солено“.

„Имам уште три години од мојот договор. Ако Реал Мадрид сака да си одам, ќе треба да ми платат 17 милиони евра по сезона. Ако не, ќе останам тука и ќе си играм голф“, изјави Бејл.

Крилото на последната средба од сезоната остана на клупата за резерви, каде се смешкаше додека „кралевите“ губеа. Исто така, по мечот, Бејл замина веднаш во соблекувалната, без да се поздрави со никого.