• Мартин Танасковски

Велс доживеа пораз од Иран (0-2) и така ги намали шансите за пласман во следната фаза на Светското првенство (СП) во Катар. Првата ѕвезда на „змејовите“, Герет Бејл, по натпреварот ја искажа разочараноста од резултатот.
„Разочарани сме, немам што повеќе да кажам за мечот. Се боревме до последна секунда, но се најдовме во една од оние ситуации по кои мораш да прифатиш што се случило и да продолжиш понатаму. Мора да се издигнеме. Ќе биде тешко, но имаме уште еден натпревар во групата и сакаме позитивен резултат и да уживаме. Дефинитивно е дека црвениот картон го промени текот на мечот. Го примивме првиот гол, а потоа вториот не ни беше важен. Мора да се издигнеме за третиот натпревар“, изјави Бејл.
Велс по воведните две кола е без победа. Има едно реми и еден пораз. Последното коло е против Англија.