• Сашо Поповски
Велс се наоѓа во тешка ситуација и ќе мора да брка победа против Англија, за да се надева на расплет кој ќе му овозможи да игра во нокаут фазата на Мундијалот.
Првата ѕвезда Герет Бејл планира да продолжи да го носи националниот дрес, без оглед на резултатите на ова Светско првенство.
„Против Англија нема да биде мојот последен репрезентативен настап. Нема да биде лесно. Разочарани сме од досегашните настапи, но тоа е фудбалот. Можеме да ги израдуваме фановите на третиот меч. Работевме многу напорно за да бидеме тука. Мораме да прикажеме игра која ќе предизвика гордост меѓу навивачите“, порача капитенот на Велшаните.
Дуелот меѓу Велс и Англија е закажан за вторник, со почеток од 20:00 часот.