Бејл пак си отиде од „Бернабеу“ десет минути пред крај на натпреварот

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл продолжи да заминува од домашните натпревари на Реал Мадрид порано од предвиденото и пак како да даде знак дека е незадоволен меѓу „кралевите“.

За време на мечот меѓу Реал Мадрид и Галатасарај во Лигата на шампионите (6-0), Бејл беше фатен од камерите како си заминува десет минути пред крајот на мечот. На фудбалерите кои не се дел од тимот им е дозволено да си заминат по 80 минута, но на Бејл ова му се случува премногу често.

Крилниот играч претходно си замина од мечевите со Леганес и Бетис во рамки на Примера. Бејл не играше на последните пет меча за „кралевите“ поради повреда, но и покрај тоа Рајан Гигс го повика во репрезентацијата на Велс.

Ако успее да настапи за националниот тим, сигурно ќе го навлече бесот на „кралевите“, затоа што долго време не играше за нив.