Бејл: Ние фудбалерите сме роботи - ни кажуваат кога да јадеме, каде да бидеме...

Герет Бејл

Интересна ќе биде ситуацијата на Герет Бејл ова лето кој не е во плановите на Зинедин Зидан за наредната сезона.

Ѕвездата на Реал Мадрид постојано е на мета на медиумите во Шпанија, а тој одговори на сите критики во едно интервју за „АС“. Во истото зборуваше за скратената слобода како професионален фудбалер и како го загубил чувството за фудбал од детството.

„Како професионален фудбалер, немате право да избирате каде да бидете и во кое време, како на пример во тенисот и голфот. Се работи за тимски спорт.

Практично ние сме како роботи. Ни кажуваат што и кога да јадеме, каде да бидеме, што да му кажеме на тренерот... Како да ја губиме слободата на животот на некој начин. Но, кариерата на фудбалер е кратка, па не треба да е тешко да се жртвуваат некои работи од приватниот живот. Се губи чувството кое си го имал како дете, бидејќи како професионалец имаш притисок, очекувања и критики на сите страни“ , вели Велшанецот.

И покрај тоа што францускиот тренер нема да смета на него, Бејл изјави дека ќе остане во Мадрид, па макар тоа да значи воопшто да не игра.

Неговата одлука е разумна со оглед на договорот кој што му носи огромни примања на годишно ниво.