• Горан Упале

Велс намеше сили за изненадување, забележа пораз од Англија (0-3) и неславно го заврши настапот на Светското првенство во Катар со само еден бод во групата Б.
Велшаните ремизираа против Соединетите Американски Држави (1-1) и загубија од Иран (0-2) и Англија (0-3). Првата ѕвезда на оваа селекција Герет Бејл иако има 33 години и моментално игра за американскиот Лос Анџелес откри дека нема да се повлеч од репрезентативниот дрес.
„Не, ова не е мојот крај. Ќе продолжам додека можам и додека ме сакаат. Тежок момент, но не се откажувам. Квалификациите за Европското првенство почнуваат во март и се надевам дека ќе бидам таму“, рече Бејл.
Искусниот напаѓач од Велс е свесен дека тој и неговите соиграчи потфрлија во Катар, но…
„Не ги оправдавме очекувањата, но добивме големо искуство од ова. Горди сме што бевме на овој собир. Од тука заминуваме со кренати глави“, заклучи Герет Бејл.
Бејл беше единствениот стрелец на Велс на овој шампионат, отккао погоди од пенал на дуелот со Соединетите Амеирикански Држави.