Бејл не сака да биде алтернатива во Јунајтед додека дојде Санчо

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл одбил да замине во Манчестер Јунајтед на позајмица од Реал Мадрид затоа што клубот не го планирал подолго од една година.

Крилото е незадоволен во Мадрид и е отпишан од Зидан, па му се бара нов тим. Опција беше позајмица во Манчестер Јунајтед, платата ќе ја плаќаше Реал Мадрид, но откако ги чул плановите на англискиот тим, Бејл не сака позајмица.

31-годишникот не сака да биде дел од проектот само една година. Јунајтед не сака да го има подолго во тимот, затоа што следната сезона план е да се обезбеди потписот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Герет Бејл има договор со Реал Мадрид до 2022 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.