• Горан Упале

Со два големи изненадувања заврши првото коло од групната фаза на Светското првенство во Катар. Аутсајдерите Јапонија и Саудиска Арабија приредија епски сензации и запишаа големи победи против Германија и Аргентина, но имаше селекции од понискиот ешалон кои што тотално разочараа.
Иран е еден од нив. Азиската селекција го продолжи својот континуитет на учества на Мундијалите, но собирот во Катар го започа катастрофално. Не дека се очекуваше да ја сопре моќната Англија, туку барем да се избори за пристоен пораз. Вака со шесте примени гола атмосферата во составот на Карлос Кериоз дополнително се наруши, а фудбалерите се на удар на домашната јавност, бидејќи не ја пееја химната на средбата со Англија. Иранските фудбалери на овој шампионат отпатуваа со цел што подобро да ја претстават својата нација, а денес втора шанса да го направат тоа ќе имаат против Велс.
Островјаните пак имаа очекуван старт на шампионатот. Иако беа во пододредена ситуација против Соединетите Американски Држави и имаа негатива, Герет Бејл беше на висината на задачата во клучните моменти и со погоден удар од единаесет метри им донесе голем бод на својата селекција. По лошата претстава против „Гордиот Албион“, многу веројатно Кеироз ќе менува во својот стартен состав, додека за Велс не се очекуваат посериозни промени и најверојатно на терен ќе истрчаат исите единаесетмина од средбата со Американците.
Натпреварот меѓу Велс и Иран се игра од 11:00 часот, на „Ахман Бин Али“ арената во Доха.