• Горан Упале

Екипата на Тотенхем има убедливи 0-3 по првото полувреме од дуело со Волфсбергер во Лигата на Европа.
Премиерлигашот одигра моќни 45 минути, а домашната мрежа ја стресоа Сон, Бејл и Лукас. Особено атрактивен беше вториот погодок, кој беше дело на велшката ѕвезда. Бејл доби топка во празно и во стил на вистински фудбалски мајстор го измами противникот и го прати по „бурек“, а потоа реализираше уште поатрактивно.
- Голот на Бејл против Волфсбергер:
Тотенхем на Жозе Мурињо важи за еден од главните фаворити за трофејот во Лигата на Европа, а по сè изгледа Англичаните уште по првите 45 минути си обезбеди место во осминафиналето.