ВИДЕО: Бејл го мрази Реал? Одби да го држи знаменцето со грбот во Париз!

Велшкиот фудбалер Герет Бејл уште еднаш покажа дека е незадоволен во екипата на Реал Мадрид, со потегот кој го направи пред дуелот со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Крилниот играч се местеше за тимска фотографија, а соиграчите му го нудеа да го држи знаменцето со грбот. Бејл се двоумеше, а на крајот, не прифати, па истото заврши во рацете на друг играч.

  • Моментот кога Бејл одбива да го држи знаменцето:

Реал Мадрид во Париз го одигра еден од најслабите мечеви во историјата, не шутна ниту еднаш во рамки на голот на ПСЖ и доживеа болен пораз на стартот на европската авантура.