ВИДЕО: Пресврт-победа на Хофенхајм над Борусија среде Дортмунд

Фудбалерите на Хофенхајм се радуваа на гостинска победа со пресврт против Борусија Дортмунд (2-3) во натпреварот од 23. коло на Бундеслигата. „Милионерите“ имаат за што да жалат, бидејќи водеа на паузата и важеа за фаворит, меѓутоа релативно лесно си дозволија пресврт. 

  • Борусија Дортмунд - Хофенхајм 2-3:

Веќе во втората минута Илас Бебу стрелаше за предност на гостинската екипа на „Сигнал Идуна Парк (0-1). Борусија се консолидира по почетниот шок и успеа со два брзи гола да направи пресврт во првиот дел. Првиот погодок беше дело на Дониел Мален по центаршут од слободен удар на Ројс, додека вториот го постигна дефанзивецот Нико Шлотербек, исто така по асистенција на плејмејкерот. 

Како што ги прими двата гола, така Хофенхајм успеа да даде два во вториот дел. Двата беа дело на младиот Максимилијан Беиер кој во 61. и 64. минута ги искористи шансите кои му се укажаа и донесе пресврт (2-3). До крајот Борусија се обиде да се врати, најголемата шанса ја имаше во последните секунди, но Емре Џан со глава небранет од пет-шест метри биеше над голот. 

  • Ајнтрахт Франкфурт - Волфсбург 2-2:

Претходно ефикасно реми одиграа екипите на Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург (2-2).

Состави

Edin Terzic

4-2-3-1

    Pellegrino Matarazzo

    4-3-1-2