• Иван Димовски
Воска Спорт по стартот на дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига остана без перспективниот Бехар Фета.
Левото крило заминува од таборот на охриѓани и оди на првиот интернационален предизвик. Следна дестинација на Фета ќе биде словенечкиот клуб Марибор, кој го договори трансферот и се очекува потпис во наредните денови.
20-годишникот беше стандарден во тимот на Воска Спорт, па успеа да избори трансфер во странство. Фета беше стартер и ги одигра првите два натпревари во ПМФЛ на неговиот тим, настапуваше против Шкендија и Брера.
Инаку, крилниот напаѓач е и репрезентативец во селекцијата до 21 година, за која дебитираше минатиот јуни и запиша шест настапи. Во Марибор треба да продолжи да се развива и да работи на себе, па можеби ќе биде потенцијал и за А-репрезентацијата на Македонија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.