ВИДЕО: „БББ“ ги пречекаа шампионите, Ристовски го водеше славјето

Ноќва, малку после полноќ, на станицата за одмор на автопатот А1, при враќањето од Сплит, играчите на Динамо Загреб се сретнаа со своите најверни навивачи и следуваше лудо славје.

Динамо на „Пољуд“ одигра 0-0 со Хајдук и тоа беше доволно 24-ти пат по ред да стане шампион на Хрватска. Тие застанаа за одмор, каде што ги пречекаа неколку стотици „БББ“

Тие со песна и факели ги поздравија играчите. Во еден миг мегафонот го презеде Доминик Ливаковиќ и ги испеа познатите песни на Динамо, а набрзо му се придружи и Стефан Ристовски.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by GNK Dinamo (@gnkdinamo)

„Игор Бишќан! Игор Бишќан!“ скандира „БББ, а Бишќан излезе низ вратата и ги поздрави со аплауз. На крајот Ливаковиќ ја предводеше „Се би дал за Динамо“, а Ристовски ги повика навивачите да скандираат за поранешниот капитен Аријан Адеми.