Баже Јанакиевски од лични причини ја прекина соработката со Башкими

Башкими избори пласман во Првата македонска фудбалска лига, ама во елитата ќе се претстави со нов тренер. 

Досегашниот предводник Баже Јанакиевски од лични причини побара и управата прифати взаемно да се прекине договорот на двете страни. Клубот упати огромна благодарност до досегашниот тренер за работата која доведе до враќање во ПМФЛ по 17 години. 

Во наредниот период Башкими ќе мора да одбере нов тренер со кој ќе тргне во подготовките за настапот во елитата.

Овој тим стигна до место во ПМФЛ преку баражот, откако го победи ланскиот прволигаш Беса во Кавадарци.