Баже Илијоски со пет од пет Куп-титули е специјалистот на натпреварувањето

Да се биде дел од Купот на Македонија секогаш е голема чест. Многу наши фудбалери знаат да кажат дека Купот е повреден од првенството во емоциите кои ги носи, во еден натпревар каде што не игра табела или фаворитска улога. Низ историјата многу фудбалери и клубови имаат посебно место во ова култно натпреварувања. 

Eсад Чолаковиќ носејќи ги дресовите на Слога Југомагнат, Маџари и Работнички играл вкупно во осум финалиња и е апсолутен рекордер во натпреварувањето Купот на Македонија. Дос Сантос Вандаир и Баже Илијоски се единствените кои имаат пехари со три различни екипи. „Кариоката“ со Цементарница, Вардар и Работнички, додека Илијоски со Работнички, Металург и Пелистер

Баже Илијоски предминатата сезона се запиша во историјата, откако оствари баланс од пет финалиња и пет победи. Илијоски нема пораз во финалињата: со Работнички се радувал против Милано, Металург и Тетекс а со Металург со Тетекс, и со Пелистер против Шкендија.

Досега само Арѓент Беќири на еден меч постигнал три гола, тоа се случило во 2000 година кога Слога Југомагнат ја совлада Победа со 6-0. Наџи Шенсои (Пелистер) е петтиот странски тренер кој го освоил Купот. Претходно тоа го сториле Неџат Верлашевиќ (БиХ) со Слога Југомагнат, Радмило Иванчевиќ (Србија) со Македонија ЃП, Драгољуб Беквалац (Србија) со Работнички, Бруно Акраповиќ (БиХ) со Шкендија.

Шест пати Куп-победникот сме го добивале по изведувањето на пеналите. Тоа се случуваше во 1994 (Силекс - Пелистер), потоа во 1996 (Слога Југомагнат - Вардар), па во 2003 (Цементарница - Слога Ј), следува 2009 (Работнички - Македонија ЃП), во 2013 (Тетекс - Шкендија) и 2017 (Пелистер - Шкендија).

Вардар, нашиот најтрофеен клуб и најтрофејниот во Купот, нема финале точно 12 години. Последен пат Вардар играше во финалето во 2007 година и тоа со Победа кога успеа да ја совлада

И на двајцата тренери во овогодишното финале, Александар Таневски и Југослав Тренчовски првпат ќе бидат тренери во големото финале.