ВИДЕО: Базел изненаден од ЛАСК, Селтик само до реми кај Клуж

Втората вечер од третото коло на квалификациите за Лигата на шампионите заврши во знакот на гостинските екипи, односно ниту еден тим не успеаја да ја искористи домашната публика. 

По поразот на Краснодар од Порто (0-1), со наведнати глави својот стадион го напуштија и фудбалерите на Истанбул Башакшекир, откако со минимални 0-1 беа поразени од Олимпијакос. Големата победа за грчкиот тим ја обезбеди Јоргос Масурас со погодок во 53. минута. 

  • Извештај од натпреварот: 

Најголемото вечерашно изненадување го приреди тимот на Линц од Австрија, затоа што на гости извојува херојска победа над фаворизираниот Базел. Гернот Траунер и Клаус со голови во 55. и 82. минута ги шокираа домашните фудбалери, кои сепак, во самиот финиш се изборија за пристоен пораз, откако конечните 1-2 ги постави Цyфи. 

Романски Клуж е единствениот домашен тим кој вечерва не забележа пораз и пред својата публика одигра 1-1 против шкотскиот шампион Селтик. Рондон во 28. минута донесе предност за Клуж, но избраниците на Ленон не се предадоа и по само девет минути преку Форест стигнаа до реми од 1-1. 

  • Извештај од натпреварот: