Баварската „машина“ подготвена пак да го сомеле Вердер Бремен

Баерн Минхен со максимален учинок ги заврши гостувањата овој месец – четири меча надвор од Минхен и четири победи. Против Вердер, Баварците играат за 11-от триумф во низа и одбрана на првата позиција, а можеби и за зголемување на разликата, затоа што РБ Лајпциг има тешко гостување во Франкфурт.

Вердер не е поразен цели два месеци, меѓутоа долго нема и победа. Четата на Флоријан Кофелт ги одигра четирите последни меча со резултат 1-1. Со таков исход четирикратниот шампион на Германија и овде би бил презадоволен, но за да дојде до него ќе му биде потребно вистинско мало чудо. Баерн има проблеми поради многуте репрезентативни обврски на играчите, дури и повредата на Роберт Левандовски, но и ако Полјакот не биде подготвен, апсолутната улога на фаворит оди на плеќите на Ханси Флик и неговите избраници.

>>> Сите квоти на мечот Баерн Минхен - Вердер Бремен во MOZZART

Вердер е еден од омилените „муштерии“ на Баерн во Бундеслигата. Во последните десет години рекордниот шампион победи на секој меч против тимот од Бремен?! Во Минхен многу често тоа беа победи од по четири до пет голови разлика. Минатата година, на пример, мечот заврши 6-1 во корист на Баерн.

Ако одиграте кец, секако, не можете да се збогатите. Затоа следете ја традицијата и согласно со истата обидете се со доста голови. Но, под претпоставка дека Лева е подготвен. Ако стравувате, комбинацијата 1-1&4+ делува сосема извесно. Разгледајте ја и опцијата уште во раната фаза од мечот да паднат макар два гола...