Баварската гол-машина меле и „милионери“

По сезоната без трофеј, Баерн тргна добр есенва. Со Винсент Компани дојдоа подобри денови. Освојувачот на двојната круна Баер Леверкузен знае да киксне, исто како и РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд, па на баварците им се црта титулата. Повеќе од три гола во просек постигнува овој тим во Бундеслигата, стекна веќе шест бода повеќе од најпријатното изненадување сезонава Ајнтрахт Франкфурт

Баерн сака победничката низа да ја продолжи и в сабота (18.30) кога се игра големото дерби во Дортмунд, познато како Дер Класикер. Двата тима минатата седмица славеа во Лигата на шампионите. Тимот од Минхен победи во дербито на колото против ПСЖ со 1-0 на свој терен, додека Милионерите лесно го добија Динамо во Загреб со 3-0.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Борусија Дортмунд - Баерн Минхен

Тимот на Нури Шахин е убедливо најдобар домаќин во лигата со сите шест победи, со три дадени гола по меч на Сигнал Идуна Парк или Вестфален. Проблем за вицепрвакот на Европа се очајните игри на гости каде што имаат само бод на пет меча. Дури 10 бода помалку има Борусија во однос на лидерот, па ова е голем испит за домаќинот дали може да фати приклучок во битката за трофејот или веќе по третина од шампиоонатот ќе се прости од неа.

Мрежата на Мануел Нојер не се тресела седум меча во сите натпреварувања, уште од дебаклот во Барселона (1-4). Минатата сезона на двата меѓусебни меча во Бундеслигата славеа гостите. Баерн ги разби жолто-црните со 4-0 во Дортмунд, но потоа Милионерите на Алијанц арена славеа со 2-0. Од петте последни меча на овој терен баварците добија дури четири, а еден заврши без победник. Формата на Баерн му оди во прилог и тимот е поблизу до триумф, а се очекува барем три гола во големото германско дерби.