• Мартин Танасковски
БАТЕ Борисов се радува на титула во Белорусија, откако со погодок во самиот финиш славеше над Динамо Брест (1-0) во рамките од финалето на Купот.
Дуелот не изобилуваше со сериозни шанси, голманите немаа многу работа, а голот кој го одлучи победникот падна во самиот финиш, поточно во 121. минута од натпреварот на стадионот на Динамо Минск.
Човек на одлука беше дефанзивецот Закан Волков, кој успеа да стрела по една голема мешаница во казнениот простор во самиот финиш на екстра-времето, кога сите се подготвуваа за пенали. Така, фаворитот на хартија дојде до уште еден трофеј во својата клупска историја.
За БАТЕ Борисов ова беше четврти трофеј во Купот на Белорусија, прв по пауза од пет години.