ФОТО: БАТЕ го победи Арсенал, фудбалерите се честеа во „Бургер Кинг“

Екипата на БАТЕ Борисов забележа голема победа над Арсенал на домашен терен во Лигата на Европа (1-0), а интересна фотографија се појави ден по натпреварот.

Вечерта, Белорусите ја славеа победата. Но, тимoт беше „на нозе“ наредниот ден уште во осум часот наутро, па дел од фудбалерите решија да се „почестат“ со доручек во „Бургер Кинг“.

БАТЕ Борисов немаше официјален натпревар уште од декември, но и покрај тоа успеа да го надигра фаворитот.

Реваншот во Лондон е наредната недела, а од Арсенал се очекува да ја надополни негативата.