• Зоран Мишевски
Со првите два натпревари од првото коло, денес стартуваше белорускиот фудбалски шампионат, единствен во Европа кој се игра во пандемијата ковид-19 и тоа со гледачи на трибините.
Екипата која доминираше во последната деценија, Бате Борисов загуби на гостувањето кај Енергетик со 3-1 со два гола на Јакисбаев, а Торпедо Жодино одино донесе три бода од гостувањето кај Шахтјор Солигорск со голот на Рамас во судиското надополнување (0-1).
- Енергетик БГУ - Бате Борисов 3-1:
- Шахтјор Солигорск - Торпедо Жодино 0-1:
Во следните три дена се играат по два натпревари со кои ќе биде комплетирано првото коло од шампионатот на Белорусија.