ВИДЕО: Бате Борисов ја освои 13-тата последователна титула првак на Белорусија

Доминаторот во белорускиот шампионат, екипата на БАТЕ Борисов по вчерашната победа од 1-0 против екипата на Неман Гродњo, ја освои шампионската титула во фудбалското првенство на Белорусија. Јевгени Березкин во 88. минута го постигна единствениот гол на натпреварот. 

Со 69 освоени бода, БАТЕ Борисов на три кола пред крајот на првенството има недостижна предност пред екипата на Шахтјор Солигорск, која е второпласирана. 

Ова е вкупно 15-та шампионска титула за тимот од Борисов, 13-та последователна и следната сезона „жолтите“ ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите.