ВИДЕО: БАТЕ Борисов со гол во 95. минута, слави 12-та титула по ред!

Во ретко видена драма, БАТЕ Борисов ја освои 12-та послодователна титула првак на Белорусија. На гостувањето кај Городеја, БАТЕ Борисов постигна гол во 95 минута преку Мирко Иваниќ и израмни на 3-3, што и математички донесе титула.

Претходно капитенот Родионов погоди за 3-2 од пенал во 78. минута и ја остави својата екипа во игра до последната секунда. 

Родионов е првиот и единствен фудбалер во историјата, кој со еден клуб освоил 12 шампионски титули во серија. Динамо Минск остана со празни раце, откако победата од 4-1 против Витебск стана безначајна по голот на Иваниќ во Городеја.