Батчиуји одлучи да игра како позајмен играч во Валенсија за да биде дел од ЛШ

Мичи Батчуији во Валенсија

Белгискиот напаѓач од Челзи, Мичи Батчиуји, беше блиску до Севиља, но на крај одлучи да се пресели во Валенсија, каде цела сезона ќе настапува како позајмен играч.

Тимот од „Местаља“ неодамна се приклучи на трката за 24-годишниот фудбалер, кој во втората половина од минатата сезона ја помина во дресот на Борусија Дортмунд. Во германскиот клуб одигра десет меча и постигна седум гола, оставајќи впечаток на врвен голгетер.

Белгиецот се надеваше дека ќе биде во прв план на Маурицио Сари, новиот тренер на „сините“, кој сепак на крај се реши за Оливие Жиру и Алваро Мората.

Настапот на Валенсија во Лигата на шампионите беше една од главните причини за оваа одлука на Батчиуји.