Батчиуји избркан од Валенсија поради утката со Хихон

Белгискиот напаѓач Мичу Батчиуји порано од предвиденото ја заврши својата епизода во Валенсија, потврдија од клубот од „Местаља“.

25-годишниот напаѓач дојде на едногодишна позајмица со право на откуп, но неговата авантура прерано заврши.

Тој беше далеку од ефикасен во дресот на „лилјаците“, а капката која што ја прели чашата се случи на натпреварот против Хихон, кога имаше шанса да погоди, но реши да дрибла и пропушти убава прилика да даде гол.

Батчиуји сега се враќа во редовите на Челзи, а не се знае дали Сари ќе го задржи или ќе го испрати на нова позајмица.