Бата Мирковиќ си поднесе оставка, Партизан без тренер

Само пред една недела беше опеан и доби комплименти по „вечното дерби“ на „Рајко Митиќ“, а сега не е повеќе тренер на Партизан. Зоран Мирковиќ си поднесе оставка по вчерашниот сензационален пораз на „црно-белите“ гостувањето кај Вождовац со 1-0. Овој пораз доаѓа четири дена по дебаклот против Раднички од Ниш и поразот од 0-1 пред своите гледачи.

Извештај од натпреварот: 

Бата Мирковиќ по поразот вчера попладне влегол во соблекувалната и на играчите им соопштил:

„Веќе не сум тренер на Партизан“.

Партизан три натпревари во низа е без победа, а според добро упатени извори во Белград, навивачите на Партизан влегле во просториите на клубот и побарале оставка од управата.

Со 51 бод, што е 21 бод помалку од лидерот Црвена Звезда, Партизан е третопласиран на табелата воочи последниот трет дел од српската Суперлига.