• Мартин Танасковски

Екипата на Башкими со ефикасно реми против Македонија Ѓорче Петров (3-3) ги реши сите дилеми пред влезот во последното коло од Првата македонска фудбалска лига. Кумановчани и „лавовите“ одиграа динамичен и ефикасен натпревар, а бодовите на крајот се поделија, иако гостите може да жалат што не победија. Така, Башкими заедно со Арсими уште ова коло си обезбеди елитен статус и понатаму, а Пелистер и Брера Струмица завршија во баражот.
- Извештај од натпреварот:
Околу натпреварот, тргна со возбудувања уште во 10. минута кога Ѓорче се закани преку Адем, голманот Јашар одбрани, ама баш по тој корнер, колумбискиот дефанзивец Кабракас постигна гол за 0-1. Не траеше долго предноста на Македонија ЃП, затоа што по обид на Рибеиро во 12. минута кој Јанков го фати, Аворнио во 17. минута израмни на 1-1 по асистенција на Алексовски.
Пресвртот домашните го направија во 32. минута преку Филип Алексовски, а потоа во 37. минута следеше и трет гол, преку Аворнио, за висока позитива на „зелено-црните“ пред својата публика. Македонија ЃП се врати во игра кога во 52. минута намали на 3-2, следеше и шанса за 3-3 која не се искористи, а на спротивната страна во 74. минута Алими промаши пенал кога неговиот шут од белата точка го прочита Јанков. Во финишот, Кабракас постигна гол за 3-3, но беше поништен заради офсајд, ама по ВАР проверка беше признат.
И кога сите одбројуваа до крај, студен туш. Пенал за Македонија ЃП, кој, по долга ВАР-проверка, на крајот беше поништен. „Лавовите“ можеа и да победат потоа, но Мартин Џангаровски од неколку метри ја погоди стативата од пред самиот гол во 97. минута. До крајот во последните три минути следеше голем притисок на гостите, но немаше реализација, за конечни 3-3.
- Пропуштената можност на Џангаровски за победа:
Во последното коло на ПМФЛ, Пелистер е домаќин на Башкими, додека Македонија ЃП ќе игра исто така дома против Силекс.

