Башкими го договори Португалецот Рибеиро од Шкупи

Македонскиот прволигаш Башкими се пофали со уште едно ново име оваа зима. Клубот од Куманово пазареше од „Чаир“ и своите редови ги засили со Луис Рибеиро. Португалскиот играч за врска по само шест месеци го напушти тимот на Шкупи, но остана во Првата македонска фудбалска лига.

Од Башкими имаат големи очекувања од 25-годишниот Рибеиро, кој со своето искуство и квалитет треба да придонесе во офанзивната на тимот. 

Според „Трансфермаркт“ Рибеиро, кој има германски пасош, цела своја досегашна кариера ја мина на германско тло, а летово во Шкупи пристигна од редовите на Туркспор Дортмунд. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.