• Мартин Танасковски

Екипата на Башкими ја забележа првата победа во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Екипата од Куманово како гостин го победи Скопје (1-2) во дуел во рамки на шестата рунда.
- Извештај од натпреварот:
Во еден тензичен дуел полн со прекини и картони, Башкими ја запиша првата победа и ги освои првите бодови по пет порази во низа. Тимот на Муарем одигра по планот, ги искористи шансите кои му ги дадоа „пиратите“ и така дојде до посакуваниот резултат.
Лошата координација на одбраната на Скопје му дозволи на Башкими да победи. Двата гола паднаа по дефанзивни грешки. По неколку обиди на Рибеиро пред голот на Скопје, до предност Башкими дојде со голот на Антонио Да Силва. По паузата, Адиз Мурати зголеми на 0-2, а Али Адем успеа да го врати Скопје во игра од пенал.
Во последните дваесет минути беше доста тензично и крај аут-линијата и на теренот. Дури осум жолти картони беа поделени од судијата Фуркан Идризи. До финишот на мечот, Скопје имаше прилики да израмни, ама не успеа.
Прва македонска лига, шесто коло
Скопје – Башкими 1-2 (0-1)
Тренинг-центар „Петар Милошевски“ на ФФМ, гледачи 200
Главен судија: Фуркан Идризи
Асистенти: Јовчевски Дарко и Ѓорѓески Александар
ВАР-судија: Ралевски Благојче
Жолти картони: Папули, Мециновиќ, Божиноски, Ангелов, Шаковски, Николовски, Беровиќ (Скопје) и Мурати, Алију, Билап, Тенлеп, Лимани и Јахаја (Башкими)
Црвени картони: Алију, Билал и Тенлеп (Башкими)
Скопје:
Наумовски, Папули, Мециновиќ (од 58м. Шаковски), Божиноски, Ангелов (од 58м. Ангелов), Цветковски (од 66м. Папалиски), Серафимов, Гроздановски (пд 58м. Беровиќ), Мурџески, Адем, Влајковиќ
Башкими:
Алију, Исени, Телнеп (од 70м. Јахаја), Исмаили (од 85м. Капланај), Рибеиро, Да Силва, Мурати (од 66м. Лимани), Антонио, Стафа (од 70м. Јанузи), Ристовски, Хасан
Играч на натпреварот: Антонио Да Силва (Башкими)
Во следното коло Башкими игра дома против Вардар, додека Скопје патува кај Шкендија Арачиново. И двата тима имаат по три освоени бода во шест кола.

