• Мартин Танасковски
Екипата на Башкими во следната рунда во ВМФЛ ќе игра на домашен терен, затоа што суспензијата на теренот ќе ја „одлежи“ во рамки на Купот на Македонија за инциденти во претходната рунда.
Второлигашот за 7. коло и дуелот против Победа, за домашен терен го пријави домашниот градски стадион во Куманово, откако истиот беше суспендиран од страна на ФФМ заради инцидентите против Беласица на 25 октомври.
Казната тимот ќе ја „одлежи“ во Купот на Македонија, каде игра против Воска Спорт. Натпреварот е закажан на 2 октомври со почеток од 14:00 часот на стадионот во Гостивар. Надлежните во градот овозможиле Башкими да го користи бесплатно стадионот, а воедно нема да треба да ги покрива и другите трошоци, објавено е на фејсбук-страницата на екипата.
Башкими по шест одиграни кола се наоѓа на третото место во ВМФЛ со 13 освоени бода, зад Брегалница и Македонија ЃП.