Башкими донесе напаѓач со искуство стекнато во Хрватска, Португалија и Словенија

Новиот прволигаш Башкими од Куманово, кој од оваа есен ќе игра елитната македонска фудбалска конкуренција, продолжува со засилувањата, фокусирајќи се на унапредување на својата напаѓачка линија. 

Во своите редови, клубот го доведе 26-годишен напаѓач од Босна и Херцеговина, Недим Хаџиќ, кој се очекува да донесе свежина и квалитет во новиот прволигаш. Хаџиќ, кој своите почетоци ги има во реномираната школа на Сараево, во текот на својата кариера собра искуство настапувајќи за клубови во повеќе земји, вклучувајќи ги Португалија, Хрватска и Словенија, како и во својата родна земја.

Неговиот последен ангажман беше во хрватскиот клуб НК Оријент 1919, а сега е подготвен да стави свој печат и во македонскиот фудбал со дресот на Башкими.

ФОТО/PHOTO: FK Sarajevo