ВИДЕО: Барзаљи низ солзи замина во пензија, овации од цел стадион на дефанзивецот

По скоро една деценија и осум освоени титули првак на Италија по ред, Андреа Барзаљи официјално заминува во пензија на крајот на оваа сезона. 37-годишниот дефанзивец одигра 60 минути во ремито против Аталанта во Торино. 

Кога по еден час игра тренерот Алегри го повлече од игра, цел стадион аплаудираше, а дефанзивецот ги покажа емоциите и потече некоја солза.

Според Алегри, токму Барзаљи е најдобар можен интерпретатор на системот на игра на Алегри и популарното трио „ББС“ - Бонучи, Барзаљи, Кјелини.