Барзаљи го повреди мускулот, следи двомесечна пауза

Ветеранот Андреа Барзаљи ќе отсуствува од фудбалските терени околу два месеци, соопшти неговиот клуб Јувентус. 37-годишниот дефанзивец играч го повреди мускулот и ќе се врати во игра во вториот дел на шампионатот во Серија А.

Седумкратниот првак на Италија нема да настапи на дуелите од Серија А против Интер, Рома и Торино, мечот од Лигата на шампионите против Јанг Бојс и Суперкупот на Италија во Саудиска Арабија против Милан.

Барзаљи сезонава одигра 200 минути за Јувентус, главно влегувајќи од клупата. Алегри нема премногу причини за грижи, бидејќи пред Барзаљи ги има и Џорџо Кјелини, Леонардо Бонучи, Мехди Бенатија и Даниеле Ругани.

Емре Чан, Сами Кедера и Федерико Бернардески веќе тренираат и наскоро ќе се вратат во комбинација за настап за „старата дама“.