Бартон ќе го суди тетовското дерби од Купот

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди делителите на правдата за првите натпревари од полуфиналето на Купот на Македонија. 

В среда на првиот дуел во Битола меѓу бранителот на титулата, Пелистер и Академија Пандев, правдата ќе ја дели Димитар Мечкаровски

Тетовското дерби меѓу Шкендија и Ренова ќе го суди Јосип Бартон. Возвратните натпревари од Купот на Македонија се играат на 4 април во Струмица и Тетово.

Финалниот натпревар е закажан за 9 мај, а ФФМ дополнително ќе одреди каде ќе се игра завршниот натпревар.