ВИДЕО: Барселона за првпат ги покажа лицата на фудбалерите по дебаклот на „Енфилд“

Најголемото разочарување за фудбалерите на Барселона минатата сезона беше тешкиот пораз против Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Англискиот вицепрвак успеа да анулира негатива од 3-0 и постигна четири гола пред своите гледачи, а каква беше атмосферата во каталонската соблекувална по мечот покажува последната најава за документарен филм на шпанскиот клуб.

Тој ќе се вика „Matchday: Inside FC Barcelona“ и ќе има осум епизоди. Првата од нив ќе биде емитувана овој понеделник.

Дел од него ќе биде гостувањето на „Енфилд“, од кое има мали исечоци, кои ја покажуваат тагата и разочараноста на лицата на фудбалерите.