ВИДЕО: Барселона во вториот дел го „скрши“ Бетис во Примера

Фудбалскиот клуб Барселона се радуваше на гостувањето кај Бетис со 1-2 (0-0), во рамките на 17. коло на шпанската Примера. Долго време немаше погодоци на „Бенито Виљамарин“ во Севиља, за во вториот дел да паднат три погодоци. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првото полувреме беше израмнето, Барса беше подобра на теренот и притискаше, меѓутоа немаше голови. За домаќините се закануваа Енрике и Иглесиас, додека Педри имаше зицер за Барселона. Рафиња постигна погодок кој беше поништен недозволена позиција. 

По паузата, каталонскиот тим уфрли во брзина повеќе, па бргу нареди шанси праку Педри и Рафиња. Резултатот беше отворен во 65. минута од мечот, Балде го проигра Рафиња, кој стрела за предност (0-1). Роберт Левандовски беше расположен во завршницата, па го постигна вториот погодок на средбата, откако по корнер стрела за 0-2 во 80. минута. 

Несреќен автогол си даде Жил Кунде, откако една уфрлена топка го погоди и заврши во мрежата на Тер Штеген, за конечниот резултат (1-2). 

Состави

Мануел Пелегрини

4-2-3-1

    Чави

    4-3-3