Барселона спрема понуда за шпанскиот „ѓавол“

Шпанскиот шампион, тимот на Барселона, сериозно размислува на засилување на својот тим до крајот на јануарскиот преоден рок. 

Како што најавуваат шпанските медиуми, Барса се откажа од намерата во своите редови да го донесе фудбалерот на Селта, Нолито, и своето внимание го сврти кон фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата. 

Мата е еден од главните играчи на „црвените ѓаволи“ и ќе биде навистина тешко Луј Ван Гал да се откаже од него. Шпанецот, оваа сезона за екипата на Манчестер одигра вкупно 33 натпревари, постигнувајќи 6 гола.