• Иван Димовски
Фудбалерите на Барселона по три кола се вратија на победите во шпанската Примера, откако славеа на гостувањето кај Мајорка со убедливи 1-5 (1-1). Домашната екипа на „Естади Мајорка Сон Мои“ парираше во првиот дел и имаше егал, а потоа капитулира пред каталонската машинерија која конечно се распука и по три која дојде до триумф.
Резултатот го отвори Феран Торес кој во 12. минута го пронајде патот до домашната мрежа (0-1). Имаше Барса неколку одлични шанси да ја удвои предноста, меѓутоа не успеа во својата намера. Ведад Муриќи ги казни промашувањата и Мајорка стигна до израмнување (1-1).
Барселона продолжи онаму каде што застана и во продолжението, а двоен стрелец беше Рафиња и донесе двојна предност за фаворитот. Во финишот уште двапати се тресеше мрежата на домашните. Прво Френки Де Јонг зголеми на 1-4, а конечниот резултат го постави Пау Виктор во 84. минута од натпреварот.
- Извештај од натпреварот:
Со оваа победа Барселона се одржа на водечкото место и има 37 бода, четири повеќе од Реал кој е на „минус два“ меча, а пет од Атлетико кој е на еден дуел дефицит.