ВИДЕО: Барселона со голем пресврт го надигра Тотенхем за трофејот „Жоан Гампер“

Екипите на Барселона и Тотенхем одиграа спектакуларен натпревар со шест голови, а каталонскиот гигант извојува победа со резултат 4-2 (1-2) и го освои трофејот „Жоан Гампер“. 

Дуелот се одигра на „Олимпискиот стадион“ во Барселона, а домашните навивачи беа сведоци на одлично издание од своите миленици. Роберт Левандовски го отвори резултатот уште во третата минута од натпреварот, а до крајот на полувремето, Оливер Скип режираше пресврт и постигна два гола за Тотенхем.

Прво стрелаше прецизно во 24. минута, а дванаесет минути подоцна, постигна ефектен гол со глава и „петлите“ од Лондон имаа минимална предност од 1-2 на паузата. 

  • Извештај од натпреварот: 

Вториот дел донесе ран гол, но овој пат мрежата се тресеше само кај гостите. Навивачите ѝ дадоа огромна поддршка на Барса, а момците на тренерот Чави Хернандез долго го чекаа спектаклот кој го приредија во завршните минути. 

Најпрво Феран Торес израмни на 2-2 во 81. минута, а пресвртот го комплетираше Ансу Фати во 90. минута од натпреварот. „Печат“ на убедливата победа на Барселона стави Мароканецот Абде Езлазули, само три минути подоцна. 

Одлична увертира за Каталонците во пресрет на новата сезона во Примера. Барселона својата авантура ќе ја започне на тринаесетти август, кога ќе отпатува на гостување во Мадрид кај Хетафе