Барселона следната сезона ќе има тим кој ќе доминира во европскиот фудбал!

Екипата на Барселона крои тим за наредната сезона, кој ако се погледне на хартија, претставува страв и трепет за европскиот фудбал и изгледа како тим кој има капацитет да дојде до трофеј во Лигата на шампионите.

Каталонскиот гигант го договори Френки Де Јонг од Ајакс. Матијс Де Лихт исто така од Ајакс е трансфер пред реализација, а се чека и на потврда на Антоан Гризман, кој соопшти дека заминува од Атлетико Мадрид.

Трите нови имиња толку многу ќе го сменат ликот на Барселона, која како плус со актуелните играчи, ќе изгледа застрашувачки...

Барселона две сезони по ред доживува шокантна елиминација во Лигата на шампионите. Лани шпанскиот тим имаше три гола предност против Рома, но испадна, а слична беше ситуацијата и оваа сезона кога на патот пред финалето застана Ливерпул.