Барселона се откажува од Олмо, има само една цел во овој преоден рок

Дани Олмо од Динамо Загреб на големо се поврзуваше со трансфер во редовите на шпанска Барселона, меѓутоа, како што изгледа, овој потег нема да се случи и тимот ќе биде фокусиран на други опции во овој преоден рок.

Динамо и Барселона долго време водеа преговори за новиот шпански репрезентативец. Каталонците понудија десет милиони евра, хрватскиот првак бараше далеку повеќе, па немаше завршни преговори.

Ситуацијата сега се промени, Барселона нема да притиска за Олмо, а причина е повредата на Луис Суарез. Управата ќе биде фокусирана да пронајде привремена замена за Уругваецот кој направи операција и нема да биде во комбинација речиси до крај на сезоната.

Олмо останува желба на други екипи, а како најголеми конкуренти за потписот се споменуваат Челзи и Манчестер Јунајтед.