• Горан Упале

Шоанскиот шампион Барселона е заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед и повремен англиски репрезентативец Џејдон Санчо, пренесува каталонски „Спорт“.
Санчо, кој одби да му се извини на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хег, поради објавите на социјалните мрежи во кои го обвинува дека лаже за неговата лоша игра, беше исфрлен од првиот тим од Манчестер Јунајтед.
„Спорт“ наведува дека Барселона ги следи случувањата во Манчестер Јунајтед, а каталонскиот клуб планира во зимскиот преоден рок да ангажира англиски фудбалер.
Санчо пристигна во Манчестер Јунајтед во 2021 година од Борусија Дортмунд, а за клубот од „Олд Трафорд“ одигра 82 натпревари и постигна 12 гола. Тој има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година.