• Иван Димовски
Барселона загуби од Реал Сосиедад (1-0) во рамките на 13. коло на Примера. Средбата крена огромна прашина поради поништениот гол на Роберт Левандовски, меѓутоа и самиот каталонски гигант не беше во препознатливата форма од досегашниот дел на сезоната.
Така, клубот кој даде 40 гола на последните 12 натпревари на вчерашното гостување во Сан Себастијан не упати ниту еден удар во рамките на противничкиот гол. Секако, поништениот гол на Левандовски не се смета за директен удар. Барса дури 11 пати шутираше, меѓутоа сите тие удари беа надвор од рамките на голот.
Со тоа клубот ја скрши серијата, бидејќи последен пат такво нешто им се случило уште во септември 2014 година против Малага. Тоа е поразителен податок кој се истакнува и покрај тоа што веројатно клубот беше оштетен за гол.