Барселона против Атлетико ја стартува одбраната на титулата во Суперкупот

Фудбалерите на Барселона ќе ја започнат одбраната на трофејот во шпанскиот Суперкуп со полуфиналната пресметка против Атлетико Мадрид на „Кинг Абдула“ во Џеда. Патот до овој трофеј во Шпанија се менувал неколкупати низ историјата, а по минатогодишниот еден натпревар во финалето, сега за првпат ќе учестуваат четири екипи. 

Каталонската екипа како освојувач на Примера минатата сезона и тимот на Симеоне како второпласиран ќе бидат едната полуфинална двојка. Барселона е благ фаворит пред дуелот, но Атлетико е секогаш незгоден противник. 

Шампионот на Шпанија е и последен освојувач на Суперкупот, по победата над Севиља минатата година од 2-1 во Мaроко. Барса е и апсолутен рекордер по бројот на титули со 13 трофеи и десет порази во натпреварот за титула, пред Реал Мадрид со десет добиени и пет загубени финалиња. 

Хендикеп за Каталонците ќе биде тоа што првиот голман Марк Андре Тер Штеген не отпатува со екипата и остана во Шпанија поради повреда. Неговото место ќе го заземе Нето, додека резерви ќе бидат Ињаки Пена и Арнау Тенас

Натпреварот меѓу Барселона и Атлетико Мадрид во Џеда е на распоредот на вечерва со почеток од 20:00 часот.